Шпанија
Симеоне тешко се помирува со судбината: Преовладуваат три чувства по тоа што се случи со Реал

Диего Пабло Симеоне многу тешко го прифати завршното сценарио во пенал рулетот на „Метрополитано“ и во два наврати се пожали на одлуката која беше донесена во ситуацијата со Хулијан Алварез, а иако се обидува да сврти лист и да се насочи кон следниот предизвик во Ла Лига, Аргентинецот призна дека овојпат му е доста потешко да се дистанцира од неодамна завршениот натпревар.
Тренерот на Атлетико Мадрид јавно призна дека овојпат му е потешко од било кога да се фокусира кон следниот ривал, а тоа не ниту повеќе, ниту помалку, туку големата Барселона.
Атлетико вечерва на домашен терен ќе ја пречека Барса во големото дерби во Ла Лига, па во увертирата за натпреварот, Чоло посочи кои чувства преовладуваат кај него по ВАР драмата во осминафиналето.
– Во нормални услови би рекол дека максимално сум насочен на Барселона, но оваа необична ситуација прави да ги искажам моите чувства.
– Преовладува бес, гнев и чувство за неправда. Тоа е она што го чувствувам одвнатре, но единствено што можам да направам е да продолжам да работам и да го натерам тимот да се натпреварува какошто тоа го правеше досега. Ги сфаќаме сите наши навивачи кои се лути, сите чувствуваме бес, гнев и неправда.
– Ова е тоа што го мислам, веќе нема да давам изјави за претходниот натпревар. Како што кажа Карло Анчелоти, тој меч веќе е зад нас и не може ништо да се промени. Не чека убава можност против Барселона, залудно е да се трошат епитети за нив…. Треба да излеземе на теренот и да се натпреваруваме како што тоа го правиме цела сезона, – изјави Симеоне.
-
Италија17 часа
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Италија14 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија19 часа
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Шпанија20 часа
Како се прави ова: Вонсерискиот прием на Педри е топ тема во Шпанија (Видео)
-
Англија16 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!
-
Англија18 часа
Челси го краде новопочениот шпански репрезентативец „пред носот“ на Реал
-
Шпанија14 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Тренерот на Мајорка му се поклони на еден играч на Барса: Се молев да застане…..