Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне со зајадлива изјава на сметка на Реал: Не знам зошто сте изненадени

Објавено

на

foto:twitter.com/atletienglish

Диего Симеоне вчера зборувал пред новинарите во пресрет на новиот настап на Атлетико Мадрид во домашното првенство, а медиумите го истакнале и неговиот одговор поврзан со последниот натпревар на градскиот ривал.

Реал Мадрид ја победи Селта во Копа дел реј, но во натпревар за кој гостинските фанови сметаат дека биле сериозно оштетени од судиите и коментираат неколку спорни ситуации на теренот.

Симеоне не пропуштил можност да го „пецне“ Реал, одговарајќи на прашањето за случувањата на „Сантијаго Бернабеу“.

– Не го гледав натпреварот, но ми пренесоа дека се случувале ситуации како тие што ги гледаме веќе сто години наназад.

– Не знам зошто сте изненадени, – рекол Симеоне.

Атлетико денеска му гостува на Леганес, а го дочекува овој натпревар на првото место на табелата во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни