Поврзете се со нас

Свет

Симеоне со своја теорија образложи зошто Меси, Марадона и Роналдо не можат да играат во ист тим

Објавено

на

Диего Симеоне одработи опширно интервју за аргентинската фудбалска асоцијација и отвори навистина интересни теми поврзани за актуелни случувања во фудбалот, но немаше проблем да даде одговор и на една замислена претпоставка во која во прв план се најдоеа три големи ѕвезди кои испишаа историја во фудбалот.

Темпераментиот Аргентинец во повеќе наврати има нагласено дека неизмерно ги почитува и Лионел Меси и Кристијано Роналдо за сето она што го направија во фудбалот, а во овој „кош“ го стави Диего Армандо Марадона.

Говорејќи за негоивте двајца сонародници, Симеоне нагласи дека тие би можеле да играат заедно во еден тим, но се обиде да образложи зошто во еден таков замислен тим нема да може да се вклучи и трета ѕвезда како Португалецот Роналдо.

– Меси и Марадона се различни. Меси е гол машина, постојано патев од него изминативе години. За разлика од него, Марадона беше презентација на аргентинскиот фудбал лично и персонално. Меси сега е далеку посискусен на теренот, би можеле да играат заедно со Марадона, – вели Чоло и додава.

– Ако се додаде Кристијано Роналдо во овој тим, ќе биде многу покомплицирано, ќе почне да има големи дупки. Секогаш го велам следното. Ако еден играч не трча, тоа е во ред. Ако двајца не трчаат, станува тешко. Ако тројца не трчаат, станува невозможно, – гласи тезата на 50-годишниот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни