Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне со свое сфаќање: Во фудбалот не е најважна победата, тоа е единствениот начин….

Објавено

на

Атлетико Мадрид нема да може да смета на Анхел Кореа и Врсаљко кои останаа во шпанската престолнина по позитивните корона тестови, но сепак тоа не треба да претставува преголем проблем за Чоло Симеоне кој вели дека има на располагање доволен број на ресурси за да го надокнади нивното отсуство.

Шпанскиот состав во второто четвртфинале во Лигата на шампионите ќе ги одмери силите со Лајпциг, а за разлика од вообичаеното, необично ќе биде тоа што тимот на Чоло Симеоне за првпат во една ваква фаза ќе влезе во пресметката како апсолутен фаворит.

– Победата против Ливерпул веќе не е пример на кој треба да се угледаме. Тоа беше многу одамна. Страста од тој меч е далеку зад нас, сега треба да се насочиме на поинаков начин, пред себе имаме друг противник.

– Не ме интересира што зборуваат другите, дека ова било добра шанса за нас. Не гледам подалеку од утрешниот натпревар против Лајпциг. Ме интересира утрешниот ривал и нивниот одличен тренер.

– За нас нема друга опција. Во фудбалот не е најважна победата, туку тоа е единствениот начин да се најдете во следната фаза. Тоа е нашето размислување во ова натпреварување, – изјави Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни