Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне со последниот солидарен потег ги воодушеви навивачите на Атлетико

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Угледната „Марка“ важи за најреспектабилен и најверодостоен медиум кога се мадридскиоте клубови во прашање, бидејќи весникот со седиште во шпанската престолнина има блиски конекции и добива инсајдерски информации од Реал и Атлетико Мадрид.

Познатиот медиум е про-мадридски настроен и ги пренесува сите ексклузиви кои се случуваат во таборите на двата клуба, а последната информација на оваа редакција е поврзана со Диего Симеоне.

Аргентинскиот стручњак успешно го води Атлетико цели 12 години и во меѓувреме стана најплатен тренер во светот, но според новите информации, тој набрзо ќе стане и најдолговечниот тренер кој некогаш го водел мадридскиот великан.

„Марка“ тврди дека Симеоне ги договорил сите детали за нов договор и ќе стави потпис до 2027-ма година, што само потврдува дека кохезијата меѓу двете страни е обострана, но што е уште поважно, финансиите се ставени во втор план.

Ексклузивата вели дека Чоло се согласил на значително намалување на платата која изнесуваше над 20 милиони евра, па така според новиот договор, Аргентинецот се согласил да добива нешто помалку од 16 милиони евра по сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни