Шпанија
Симеоне со искрена изјава по импресивниот гол на неговиот син: Не очекував дека ќе игра ваков фудбал (Видео)

Атлетико го затвори 31-то коло во Ла Лига со победа од 4:2 над Валјадолид, натпревар на кој уште еднаш до израз дојде синот на Диего Симеоне.
Џулијано е вистинско откровение во стартната постава на аргентинскиот стручњак и мора да се признае дека со своите изданија самиот се избори за таков статус, а бидејќи и вчера воодушеви со нов импресивен гол на „Метрополитано“, новинарите успеаја да извлечат и интересна изјава од Чоло.
– Да бидам искрен, не очекував да игра ваков фудбал оваа сезона. Очекував да ни помогне, но не очекував дека ќе биде толку важен за тимот.
– Игра добро од самиот старт и се надевам дека ќе го одржи ова ниво и во иднина. Никој не му подари ништо во Алтетико, а никој нема да му помогне и во иднина. Знае дека се треба да заработи, особено поради тоа што многу добро ме познава, – изјави Симеоне.
За Џулијано вчерашниот гол беше втор во Ла Лига оваа сезона, а вкупно во сите натпреварувања има пет погодоци и седум асистенции.
Голот против Валјадолид погледнете го ТУКА
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија8 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони