Симеоне си пронајде бек по мерка во Тотенхем

Шпанскиот прволигаш, Атлетико Мадрид е на добар пат да обезбеди уште едно засилување и со тоа да го затвор прашањето за десната бековска позиција.

Според англиските и шпанските медиуми, Тотенхем и Атлетико се пред финализирање за зделката за Киран Трипие која ќе изнесува околу 30 милиони евра. Диего Симеоне првично го посакуваше Нелсон Семедо од Барселона, но откако доби „НЕ“ од каталонците се пристапи кон нов план и ангажман на англискиот репрезентативец.

Трипие има 28 години и за позицијата десен бек во новата средина ќе се бори со Сантијаго Аријас. Неговиот договор според се уште непотврдени информации ќе биде со важност од четири години.

Facebook Коментари