Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне: Реал имаше две шанси…

Објавено

на

Атлетико Мадрид остана непоразен во пресметката со Реал Мадрид која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа благодарение на погодокот на Маркос Љоренте во 93 минута од средбата.

Спас во последен момент: Љоренте го шокираше Реал во судиското продолжение (ВИДЕО)

„Душекциите“ долго време беа во негатива на соочувањето во градското дерби, меѓутоа се обидуваа да се наметнат, имаа свои прилики, полуприлики, поништен им беше гол на почетокот на второто полувреме за да на крајот сепак дојдат до целта и се изборат за бод длабоко во судиското продолжение.

-Реал Мадрид имаше само две шанси. Ние ја имавме можноста на Гризман и поништениот гол за кој судиите велат дека е праведен бидејќи Саул бил пред голманот, -истакна тренерот на гостите Диего Чоло Симеоне.

Љоренте за поништениот гол на „Бернабеу“: Веќе не ги знаеме фудбалските правила….. (Видео)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни