Лига на шампиони
Симеоне разреши две дилеми, Анчелоти со двајца повратници во стартната постава (Фото)

Големото мадрилењео дерби меѓу Реал и Атлетико ќе добие своја нова епизода вечерва, и тоа на најголема европска сцена во Лигата на шампиони.
Реал ќе биде домаќин на првиот од двата осминафинални натревари во осминафиналето, па иако се очекува пласманот во четвртфиналето да се одлучува на „Метрополитано“, многу важен ќе биде и резултатот од првата пресметка.
Карло Анчелоти направи неколку промени во стартниот тим во споредба од мечот со Бетис, но најважно за него е што во стартниот тим му се вратија Асенсио и Феде Валверде кој беше неизвесен за настап до последен момент.
Играњето на Уругваецот е од круцијално значење за тимот на Карло Анчелоти, па тој вечерва ќе ја покрива десната бековска позиција. Асенсио ќе биде до него како десен стопер, друштво во срцето на одбраната му прави Ридигер, а лево е поставен Менди.
Стандардно на голот на Реал е Куртоа, средниот ред го сочинуваат Камавинга, Чуамени и Брахим кој го менува суспендираниот Белингам, додека во нападот е ударниот трио Винисиус, Родриго, Мбапе.
Од друга страна, Чоло Симеоне непосредно пред натпреварот ги реши двете најголеми дилеми во стартната постава, но на крајот реши да го стави Хименез пред Ле Норман во одбраната, како и да игра со Лино како крило, наместо со трет играч за врска во средниот ред.
Облак, Љоренте, Хименез, Ленгле, Галан, Де Паул, Бариос, Симеоне, Лино, Гризман и Алварез.
📋✅ ¡Nuestro XI inicial!
🆚 @Atleti pic.twitter.com/X8whcMR6c0— Real Madrid C.F. (@realmadrid) March 4, 2025
XI ❤️🤍 pic.twitter.com/qID600074n
— Atlético de Madrid (@Atleti) March 4, 2025
-
Свет19 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија14 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија19 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет17 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)