Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне пред големото дерби во ЛШ: Реал и Барселона се фудбалска историја, Атлетико е клуб со постојан раст

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Осминафиналето во Лигата на шампиони ни носи големо шпанско дерби во најелитното натпреварување, или поточно двојна мега пресметка меѓу градските ривали Реал и Атлетико.

Двомечот ќе стартува утре со првата пресметка на „Сантијаго Бернабеу“, а бидејќи станува збор за два тима кои многу добро се познаваат, Диего Симеоне одби да избере фаворит за пласман во четвртфиналето.

– Зборот фаворит нема никакво значење за мене. Ние се соочуваме со ривал кој многу го почитуваме, а верувам дека е исто и од нивна страна. Многу ги почитуваме, но исто така ги знаеме нашите вредности и нашите квалитети. Ќе се обидеме да го однесеме натпреварот во тек во кој најмногу ќе ни одговара.

– Имам иста страст како првиот ден во клубот. Целта беше да го однесам клубот на важно место во Европа, да ги претставуваме вредностите на најдобар начин и мислам дека добро го правиме тоа. Доживеавме неверојатни моменти изминативе години, па сега треба да уживаме на вакви натпревари.

– Отсекогаш сум велел дека Реал и Барселона се на друго ниво, тие имаат фудбалска историја. Атлетико е клуб со постојан и чист раст и сметам дека тоа е многу добро за нас, – изјави Симеоне во најавата за првото дерби.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни