Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне полуде по голот за 4:4 на „Монжуик“, успеа да го збуни и линискиот судија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Барселона и Атлетико Мадрид приредија вистински фудбалски празник за сите искрени љубители на оваа игра, бидејќи доцна синоќа одиграа спектакуларно дерби во полуфиналето во Копа дел Реј.

Во меч во кој видовме осум различни стрелци, двата тима имаа свои фази и го менуваа расположението, па така Атлетико прво водеше со два гола, а потоа се вратаќа од два гола негатива.

„Душекџиите“ не се откажаа по пресвртот на Барселона и во завршницата се изборија за 4:4, а последниот гол на Серлот донесе огромна радост на противничката клупа.

Диего Симеоне го презентираше сиот свој темперамент и едноставно полуде по голот во 93-та минута, но бидејќи славеше многу блиску до линискиот судија, успеа да го збуни и помошникот на Ернандес Ернандес.

Атлетико и вторпат оваа сезона остана непоразен на „Монжуик“, па јасно е дека патникот во финалето во Купот ќе се решава на реваншот на „Метрополитано“ кој е закажан за почетокот на месец април.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни