Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне по првата победа во Барселона: Ни помогна среќната Божица на силата!

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Диего Симеоне после речиси цели 14 години дочека нешто што го чека цела тренерска кариера, односно за првпат ја победи Барселона на едно гостување во Барселона.

Иако Атлетико Мадрид беше прилично надигран во најголем дел од мечот на „Монжуик“, момците на Чоло Симеоне презентираа неверојатен отпор и со пожртвуван пристап останаа во игра до самата завршница, а потоа изведоа една импресивна контра со која ги поставија конечните 1:2 во 96-та минута.

Тоа донесе огромна радост за гостите од Мадрид кои за првпат се израдуваат на гостинска победа против Барса во ерата на аргентинскиот стручњак, кој по триумфот од 1:2 призна дека овојпат наклонета му била и среќата.

– Многу сум среќен и не можам да лажам околу тоа. Тимот страдаше во текот на целиот меч и остана во игра до самата завршница. Барселона игра многу добар фудбал, напаѓа цело време, но овојпат бевме неверојатни во дефанзивен поглед. Неколку имаа извонредна ноќ, но Облак посебно. Тоа ни овозможи да преживееме во клучните моменти од мечот и на крајот да ја дочекаме својата шанса.

– Во првото полувреме не направивме ништо, во второто почнавме да играме. Уште во раната фаза при резултат 1:1 имавме стопроцентна шанса на Бариос, а тие имаат безброј шанси да поведат повторно. Мора да се признае дека ни помогна среќната Божица на силата. Кога еден тим како Барселона толку напаѓа, може да дојде до неорганизираност. Ние бевме трпеливи, дочекавме такво нешто и изведовме контра по која постигнавме извонреден гол. Погодкот на Серлот беше голчиште, – посочи Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни