Лига на шампиони
Симеоне по потопот на Атлетико во Лисабон: Одговорноста е моја…
Атлетико Мадрид се посрамоти на гостувањето во Лисабон кај Бенфика каде загуби со 4-0 во рамките на второто коло во Лигата на шампионите.
Атлетико е тим кој по осум кола во шпанската Примера има примено само четири гола за да сега само на еден меч во елитното натпреварување прими исто толку од тим кој имаше проблеми во актуелнава сезона.
Ова дефинитивно е болен пораз за клубот од Мадрид, а одговорноста за истиот ја презема тренерот Диего Симеоне.
-Одговорноста е моја што се обидов да го создадам она што го сакав, но немаше резултат. Пеналот дојде многу брзо, губевме со 2-0 и не можевме да го генерираме она што би сакале, -рече Чоло и додаде:
-Секогаш размислувам позитивно, секогаш гледам на ова како на добра можност да продолжам да се подобрувам. Имавме многу добри работи. Имавме натпревар кој не беше она што го очекувавме, но тоа е дел од играта. Честитки за противникот, многу добар натпревар. Тие ја искористија секоја наша грешка и беа неверојатно одлучувачки, заслужено победија. Без никакво сомнеж, -порача Аргентинецот.
„Душекџиите“ во последниот меч пред репрезентативната пауза имаат тешко гостување кај Реал Сосиедад во Ла Лига.
-
Шпанија23 часа
Реал планира четири засилувања во 2025 година
-
НБА24 часа
Томпсон се врати дома, но Кари го украде шоуто и го сруши Далас (ВИДЕО)
-
Англија10 часа
Сколс има кошмар од една премиерлигашка ѕвезда: Леташе крај мене, тој ме испрати во пензија
-
Евролига21 час
Пантер дочекан со солзи во Белград (ВИДЕО)
-
Евролига10 часа
Шортс блескаше против европскиот великан Жалгирис, Париз е сензација во Евролигата (Видео)
-
Шпанија15 часа
Најмалерозниот играч на Барселона повторно се повреди (Фото)
-
Свет22 часа
Начо: Му честитав на Родри за „Златната топка“, но…
-
Англија11 часа
Ново шокантно видео: Судијата Кут вовлекувал бела прашкаста материја за време на ЕП!