Лига на шампиони
Симеоне по болната елиминација: Никогаш немам видено вакво нешто, играчите на Реал си одат дома со една помисла…..

Диего Симеоне мораше да се помири со нова болна елиминација од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, овојпат во двомеч во кој се чинеше дека Атлетико Мадрид е за нијанса подобар и поконкретен тим.
„Колчонеросите“ брзо ја надокнадија негативата од првиот натпревар и уште во првата минута поведоа на „Метрополитано“, а во продолжение пропуштија и убави можности да го решат патникот во четвртфиналето уште пред да дојде до пенал рулетот.
Во фудбалската лотарија, повеќе нерви и умешност имаа играчите на Реал, а вистински трагичар беше Хулијан Алварез чиј гол беше поништен поради двоен контакт со топката.
– Овој пенал рулет нема никаква сличност со претходните против Реал. Ова се други играчи, тука е само Облак. Нема потреба да се прави анализа во ретроспектива, ние одигравме многу добар натпревар, се натпреварувавме на неверојатен начин и можевме да го зголемиме водството по првиот гол.
– Неколку фази од мечот беа во наша полза, но на крајот се дојде до пенали. Предмалку ја видов ситуацијата со Алварез….. Судијата вели дека Хулијан ја допира топката кога се лизга со левата нога, но топката воопшто не се помрдна, мислам дека тоа е доволно за да има сомнежи околу тоа дали треба да биде гол, или не. Никогаш немам видено интервенција на ВАР при еден пенал рулет, но без оглед на се, јас останувам горд на моите играчи. Повторно не го победивме Реал Мадрид во Лигата на шампиони, но мора да се напомене дека Реал секогаш проаѓаше доста лошо во дуелите со нас. Си заминуваат од тука уживајќи во победата, но со помисла дека секогаш максимално им ја отежнуваме работата, – изјави Симеоне.
-
Игри на среќа21 час
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет20 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони9 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет9 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија21 час
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Германија19 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Несторовски со гол и асистенција ја доби битката со Елези во Хрватска (ВИДЕО)
-
Англија10 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот