Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне одби да одговара на прашања за Жоао Феликс: Нема да зборувам…

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Барселона и Атлетико Мадрид имаа дерби соочување во шпанската Примера, натпревар кој е интересен поради повеќе причини, фактори, а меѓу нив дефинитивно е Жоао Феликс.

Феликс е под договор со Атлетико, но тој како позајмен играч настапува во Барселона, односно тој веќе цела оваа 2023 година е надвор од „душекџиите“ со оглед на тоа што вториот дел од минатата кампања го мина на заем во Челси.

Португалецот не се наметна во Мадрид и се појавија вести дека не е ниту во добар однос со тренерот Диего Симеоне, па ќе биде занимливи да се види што ќе се случи на вечерашниот меч.

-Нема да зборувам за играч кој не е во мојот тим, -порача Симеоне на прашање за Феликс.

-Очекувам убав меч против Барселона. Имаат добри играчи со јасни идеи. Мора да се обидеме да ги загрозиме. Се чувствуваме добро и се радуваме на овој натпревар што е многу важно, -порача Чоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни