Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне одби да го коментира инцидентот со Винисиус: Тоа што го видов пред дербито прави да заборавам на сите 12 години! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Диего Симеоне беше енергичен и страствен како и обично на клупата на Атлетико Мадрид, па во завршницата од дербито се однесуваше како водич на навивачката група и дополнително ја загреваше атмосферата.

Темпераментниот Аргентинец не остана рамнодушен на ниту еден гол, но посебно се израдува на четвртиот и испринта до своите фудбалери за да им честита за потврда на победата од 4:2.

Симеоне имаше многу работа во текот на 120-те минути на „Метрополитано“, а беше и еден од оние кои влегоа во клинч со бразилската ѕвезда на Реал, Винисиус Жуниор.

Вини влезе во конфликт со дел од играчите на Атлетико, но по крајот на регуларните 90 минути, го налути и Чоло кој имаше што да му дофрли на Бразилецот.

– Нема да го коментирам инцидентот со Винисиус. Тоа се фудбалски работи кои можат да се случат на теренот, а за мене остануваат таму, – изјави Симеоне

Видеото погледнете го ТУКА

Во дополнителната анализа на дербито, тренерот на Атлетико Мадрид повеќе сакаше да зборува за извојуваната победа и пласманот во четвртфиналето, но пред се за нестварниот пречек кој го режирале навивачите пред дербито на „Метрополитано“.

– Што ми се допадна најмногу? Тоа што го доживеавме од хотелот до стадионот, сведочевме на нешто преубаво. Навистина не може да останете рамнодушни, не може да не ве повлечат емоции. Вакви моменти прават да ги заборавам сите 12 години кои сум тука, изгледа како да сме дошле сега. Се работеше само за осминафинале во Купот, но невозоможно е да не го оставите срцето после таков пречек. Играчите дадоа се што имаа, добро го прочитаа натпреварот и бевме подобри. Заслужено победивме и посебно сум среќен за фановите.

– Сценариото со кое се соочивме навистина е тешко за објаснување. Овие сцени ме потсетија на оние од мечот со Ливерпул пред неколку години. Кога го гледате тоа, добивате дополнителна енергија, особено тоа важи за играчите, – изјави Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни