Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне објасни зошто победата на „Енфилд“ не е среќа: Фудбалот е како бокс, ќе се самоубиев ако погрешев со Мората!

Објавено

на

Последниот официјален натпревар кој се одигра во Лигата на шампионите беше оној фантастичниот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид на „Енфилд Роуд“, а бидејќи од таа вечер минаа точно два месеци во кои фудаблските случувања се во апсолутен мрак, Диего Симеоне сега се потсети на херојското издание на неговите миленици.

Интересно, Атлетико доби огромни критики од Англија за стилот на игра кој го прикажа на двата меча и добар дел од експертите нагласија дека тимот на Чоло имал огромна среќа што останал „жив“ на „Енфилд“, пораки на кои сега одново одговори Аргентинецот.

Темпераментниот стручњак обично не се занимава со мислењата на другите за играта на неговиот тим, но овојпат реши да направи една споредба со која се обиде да објасни зошто успехот на неговиот тим не може да се окарактеризира како среќа.

– Фудбалот е како бокс, бидејќи треба да знаете кога е моментот за напад. Ние во Атлетико ги знаеме сите силни страни кои ги имаме како тим. Најдобар пример за тоа е натпреварот против Ливерпул, кога игравме против страшен тим. Знаевме дека можеме да ги вознемириме. Кога велат дека сме имале среќа, јас мислам на тоа дека губевме 2:0 и дадовме три гола. Тоа не е среќа, натпреварите треб да се анализираат во целост, – вели Чоло во интервјуто за фудбалската асоцијација на Аргентина.

– Против Ливерпул знаевме дека Мората е повреден и дека може да ја обнови повредата. Ќе се самоубиев ако го ставев во игра при негатива од 1:0 и ако се повредеше. На крајот го ставив во продолжението, се повреди, но даде гол и издржа до крај, – додаде Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни