Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне: Никогаш немам победено во Барселона, но затоа……

Објавено

на

foto: x.com/atletienglish

Диего Симеоне на двапати ја освои титулата во Ла Лига во својата досегашна етапа како тренер на Атлетико Мадрид, а првата ја прокнижи такашто неговиот тим оствари реми против Барселона во директна битка за трофејот.

Титулата во 2014-та година беше прославена на „Камп Ноу“, а иако Симеоне го презема тимот три години претходно, мора да се напомене дека тој никогаш не успеа да ја победи Барса на гостински терен.

Чоло има биланс од десет порази и седум нерешени резултати на гостувањата кај Барселона, па така пред вечерашното големо дерби кое се игра на „Монжуик“, посочи дека сите работи во животот се случуваат поради некоја причина.

– Во животот сите работи се случуваат со причина. Во Барселона никогаш не сум победил како гостин, но таму ја освоив титулата во Ла Лига.

– Добро е што немам остварено победа во Барселона, тоа значи дека имам предизвик кој ме тера да бидам подобар секој нареден ден. Бројките говорат сами за себе, очигледно е дека досега не сум пронашол рецепт да ја победиме Барселона на нејзин терен, ќе видиме дали тоа ќе се промени, – изјави Чоло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни