Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне незадоволен: Два моменти беа клучни

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Атлетико Мадрид се прикажа во добро светло на „Сантијаго Бернабеу“ и во еден дел од натпреварот беше далеку поконкретен ривал, но и покрај тоа, „колчонеросите“ на крајот мораа да се помират со пораз од 2:1.

Овој резултат му дава блага предност на Реал пред реваншот на „Метрополитано“ наредната недела, па иако дел од медиумите сметаат дека ова е добар исход за тимот на Диего Симеоне, Аргентинецот вели дека имал поинаков план.

– Резултатот не е добар за нас, сакавме да победиме, или во најмала рака да извлече реми од овој натпревар……

– Не сум задоволен, но и покрај тоа си одам со чувство дека тимот се натпреваруваше, даде се од себе. Можевме да направиме повеќе при нивните два погодоци, тоа е она за што жалам.

– Два моменти беа клучни, а тоа се нивните погодоци. Можевме подобро да ги решиме тие ситуации, тоа се детали кои во овој момент им даваат предност во оваа нокаут рунда. Добро го контролиравме мечот, имавме одлично чувство за игра, но вториот гол ни нанесе многу штета. Сега ни следи Хетафе во Ла Лига, а потоа ќе мислиме за реваншот наредната среда, – изјави Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни