Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне: Не ми е лесно, утре нема да го гледам Реал

Објавено

на

Атлетико Мадрид одигра амбициозно прво полувреме во кое заслужи многу повеќе од тоа што доби, но таквиот пристап не продолжи и во вториот дел во кој Барселона ги создаде двете најдобри шанси за промена на резултатот.

Конечните 0:0 делуваат разочарувачки за двата тима и ваквиот исход дефинитивно е најповолен за Реал Мадрид, тим кој на четири меча пред крајот има се во свои раце за да ја одбрани титулата во домашното првенство.

Симеоне продолжи со својот негативен тренд и не победи на „Камп Ноу“ и при своето 14-то гостување, но може слободно да се каже дека денеска беше навистина блиску до тоа, особено во првиот дел во кој неговите играчи пропуштија три зрели шанси за водство.

– Секој се обидуваше да победи на свој начин, факт е дека сакавме да победиме и тоа се виде по нашата игра. На крајот, не успеавме во тоа, ни преостануваат уште три натпревари до крајот и ќе одиме меч по меч. Имавме континуитет и ритам во играта каков што посакувавме, во првиот дел бевме навистина добри. Како што реков и претходно, титулата ќе ја освои оној кој ќе биде ментално најсилен, нема да им биде лесно и на остантите два тима кои се борат за титулата, – изјави Чоло кој откри дека нема да го гледа утрешното дерби меѓу Реал Мадрид и Севилја.

– Не верувам дека ќе го гледам утрешниот натпревар на Реал и Севилја. Во последно време минувам доста тежок период додека ги гледам натпреварите на противниците и утре нема да го правам тоа, не ми е лесно, – додаде Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни