Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне: Не го менувам тоа што го кажав за Куртоа, следниот пат…….

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Диего Симеоне крена голема врева во Шпанија со изјавата која ја даде по големото мадридско дерби, бидејќи искусниот аргентински стручњак побара казна за Тибо Куртоа за целата драма која настана на „Метрополитано“.

Покрај тоа што ги осуди агресорите за кои истакна дека нема место во фудбалот, Чоло не пропушти да го опомене и својот поранешен голман од Атлетико, кој според него ги испровоцирал најжестоките навивачи на клубот со својата иронична насмевка и гестикулациите по голот на Милитао.

Денеска Карло Анчелоти ја префрли топката и јасно стави до знаење дека не се согласува со ставот на Симеоне, кој пак без размислување на новинарите им порача дека останува до изјавата која ја даде пред два дена.

– Не чувствувам никаква вина, се чувствувам добро и мирен сум. Сакам да го кажам тоа што го чувствувам, секогаш сум директен и не менувам ништо од тоа што го кажав. Пред да излезам на прес со новинарите, имав инервјуа со три телевизии и во секој наврат посочив дека сум против насилство и дека местото на насилниците не им е на стадионот. Потоа дадов мислење кое се искриви и кое медиумите го однесоа таму кадешто сакаа. Дибу доби казна поради провокации, овојпат тоа го правеше Куртоа. Не ми е важно дали е Тибо, можеше да биде и друг.

– После натпреварот побаравте мислење од мене, јас го дадов и ако не ви се допаѓа, во иднина поставувајте прашања на фрижидер. Јас сум тренер и имам свое мислење, во неделата не сакав да молчам и стојам зад тоа што го кажав, – потенцира Симеоне.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни