Симеоне направи споредба меѓу Мората и Инѕаги и испрати „отровна стрела“ до Јувентус

colo-1

Диего Симеоне се докажа како фантастичен тренер во изминативе години како предводник на Атлетико Мадрид, но и самиот признава дека неисполнета желба му е да се врати во Италија како стручњак, нешто што сигурно ќе го направи во натамошниот дел од кариерата.

Чоло мора брзо да се рехабилитира од поразот кој го претрпе Атлетико во финалето со Реал и веќе овој викенд има нов предизвик во Примера, а сосема неочекувано, додека го најавуваше утрешниот дуел против Еибар на гостувањето на „Ипуруа“, направи и една паралела меѓу Алваро Мората и Пипо Инѕаги.

Симеоне го спореди Мората со легендарниот италијански напаѓач, но при својата анализа, не пропушти да испрати една „отровна стрела“ до Јувентус.

– Постојат играчи кои имаат карактеристики да бидат на работ на офсајд. Мората ме потсетува на Инѕаги. Пипо секогаш беше на работ на офсајд, но тогаш немаше ВАР и он играше за Јувентус, па најчесто го пуштаа да оди до крај, – порача актуелниот тренер на Атлетико, кој своевремено играше за Интер и Лацио.

Facebook Коментари