Италија
Симеоне направи непотребна глупост, Лаутаро го реши финалето во 91. минута (Видео)
Интер ја одбрани титулата во италијанскиот Суперкуп со драматична победа над Наполо во финалето во Ријад, додека Симоне Инѕаги стана првиот тренер во историјата кој пет пати славел во ова натпреварување.
Во натпревар во кој изобилуваше тактичко надмудрување од двајцата тренери, слободно може да се каже дека клучниот момент се случи во 60-та минута, кога Џио Симеоне направи непотребна глупост и заработи црвен картон.
Напаѓачот собра два жолти картони во период од пет минути, па во ситуација кога го остави својот тим на цедило, беше јасно дека Интер ќе притисне и ќе фрли се на една карта до самиот крај.
„Нераѕурите“ не успеваа да пронајдат многу „дупки“ во одбраната на Наполи, но сепак ја дочекаа својата шанса во првата минута од судиското продолжение, па Лаутаро Мартинез во 91-та постигна гол вреден победа, а воедно и титула.
Капитенот на Интер ја дочека топката во срцето на шеснаесетникот, па немаше многу проблем да ја спроведе истата во мрежата и да постигне гол кој еуфорично го прослави со своите соиграчи.
Видеото од црвениот картон на Симеоне погледнете го ТУКА
Одлучувачкиот гол на Лаутаро погледнете го ТУКА
-
Италија23 часа
Костакурта: Тој е најдобриот дефанзивец, треба да биде капитен на Милан!
-
Англија9 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија20 часа
Фиорентина излезе со официјално соопштение за виталните параметри на Бове (Фото)
-
Балкан18 часа
Рино-шоу во Хрватска: Шутираше топки кон „Торцида“ и режираше незаборавни сцени на „Пољуд“
-
Италија22 часа
Бове колабираше на „Артемио Франки“, играчите на Фиорентина и Интер плачеа на теренот (Видео)
-
Италија18 часа
Балкански шок за Мота: Крстовиќ и Ребиќ му одземаа два бода на Јувентус во 93. минута (Видео)
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни својата „војна“ со навивачите на „Енфилд“: Не го очекував ова од нив (Видео)
-
Италија22 часа
„Скај Спорт“ открива каква е првичната состојба на Бове по приемот во болница