Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне на најдобар можен начин ги опиша своите играчи: Постои неверојатен гладијаторски дух

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Атлетико Мадрид со директниот пристап се погрижи да гледаме вистински фудбалски спектакл на „Монжуик“, бидејќи офанзивното издание на гостите направи да гледаме натпревар во кој беа постигнати дури осум погодоци.

Гостите водеа со 0:2, потоа губеа со 4:2 и се чинеше дека се пред тежок пораз, но „воините“ на Чоло не се откажаа и во самата завршница постигнаа два погодоци за конечни 4:4 кои оставаат се отворено за реваншот во Мадрид.

Овој натпревар донесе измешани емоции за тренерите на двата тима, а доцното враќање на гостите го натера Чоло Симеоне да подели најдобар можен епитет за својот тим.

– Има неверојатен гладијаторски дух во овој тим, никогаш не се откажуваме, мора да се покаже менталитет до самиот крај. Барселона има извонредни фудбалски алатки, но и ние си имаме свои и знаеме како да ги искористиме.

– Овој натпревар не беше лесен за играње и знаевме дека ќе биде така. Одигравме неверојатни први 15 минути, постигнавме два гола, но Барселона игра многу добар фудбал и се врати во игра со погодокот за 1:2. Имавме и неколку грешки, потоа ни дадоа уште два голови, а на 4:2 се чинеше дека веќе сме надвор од полуфиналето. Ризикував со измената на Де Паул, мислев дека направив грешка, но тимот покажа дека има неверојатен дух за надигрување. Замените одговорија одлично, донесоа свежина и на крајот се доби впечаток дека можеме и да победиме, – изјави Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни