Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне му одговори на Клоп на англиски и ги изнасмеа новинарите (Видео)

Објавено

на

Јирген Клоп се издвојува како најголем критичар на фудбалската филозофија која ја негува Диего Симеоне, бидејќи актуелниот менаџер на Ливерпул ја потврди тезата која стана актуелна по болната елиминација од Атлетико Мадрид во 2020-та година.

Германецот тогаш беше бесен и не штедеше критики за ултра дефанзивната игра и поставеност на играчите на Атлетико Мадрид, а во најавата за новото дерби меѓу двата тима во Лигата на шампионите, Клоп уште еднаш нагласи дека претпочита комплетно друг стил на игра од оној на Аргентинецот.

– Дали ми се допаѓа неговата тактика? Не многу. Не мора да ми се допаѓа само затоа што е успешна во тешки ситуации за многу фудбалски клубови.

– Сепак, тоа не значи дека не го почитувам. Симеоне направи многу за Атлетико, го направи шампион после толку години и постојано го одржува тимот на нозе, – изјави вчера Клоп.

Еден од новинарите му го пренесе овој став на Симеоне за време на неговата прес-конференција, при што Чоло воопшто не сакаше да навлегува во детали и му одговори на Јирген на англиски јазик, иако цел прес го водеше на шпански.

– Ништо, – гласеше одговорот на Чоло, запрашан што има да каже за да го одбрани својата филозофија од нападите на Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни