Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне може да му пресуди на Куман, па порача: Секој си се грижи за своите проблеми

Објавено

на

Речиси е извесно дека денешниот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона ќе биде последен за Роналд Куман на клупата на каталонскиот тим.

Единствено убедлива игра и убедлива победа би можела колку толку да ги сочува надежите на Куман дека ќе остане тренер на Барселона и во иднина, но не се исклучува можноста дури и да се случи тоа тој да добие отказ.

Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше натеран да даде одговор на прашањето што мисли за шпекулациите кои го поврзуваат Куман со заминување од „Камп Ноу“, на што Аргентинецот даде очекуван одговор.

Симеоне истакна дека го почитува Куман притоа нагласувајќи дека секој треба да се грижи за своите проблеми.

– Не читам шпекулации. Куман покажа карактер и му посакувам се најдобро. Секој си се грижи за своите проблеми, тој е свесен дека не е во добра ситуација. Но ние тренерите го почитуваме Куман и така и ќе остане, -изјави Симеоне.

Дерби натпреварот кој може да значи крај за Куман ќе се одигра на „Ванда Метрополитано“ со почеток од 21:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни