Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне: Ла Лига не смее да го загуби најдобриот-тоа е Лео Меси

Објавено

на

Тренерот на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, Диего Симеоне даде свој коментар за иднината на неговиот сонародник Лионел Меси.

Меси во моментов е слободен играч, односно неговиот договор со Барселона заврши на 30 јуни и сега тој може без никакво обештетување и без проблеми да потпише за било кој клуб на светот.

-Ла Лига не треба да го загуби најдоброто. Меси е најдоброто нешто во првенството. Ние веќе го загубивме Кристијано Роналдо. Се надевам дека ќе продолжиме да уживаме во играта на Меси во Шпанија. За да се случи тоа Барселона ќе мора да вложи значителни напори и најдобро се справи со ситуацијата за да компензира што е потребно за да го има Меси во тимот, -порача Симеоне.

Медиумите веќе извесија дека Лео се договорил за нов петгодишен договор со каталонците, ама засега нема ништо официјално на оваа тема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни