Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне ја продолжи својата „црна каталонска серија“ против Барса: Еден ден ќе направиме нешто големо

Објавено

на

Foto:twitter.com/atletienglish

Диего Пабло Симеоне оствари големи резултати и историски успеси како тренер на Атлетико Мадрид, но ниту еднаш во тренерската кариера не успеа да ја победи Барселона на нејзин терен.

Иако е во клубот веќе 12 години, Чоло својата „црна каталонска серија“ ја продолжи и на вчерашното гостување на „Монжуик“, каде неговиот тим го снајде сценарио со кое редовно се соочуваше и на „Камп Ноу“.

Атлетико Мадрид не знае за победа над Барса на нејзин терен од 2006-та година, но и покрај оваа катастрофална статистика, Аргентинецот го издвои незаборавното реми кое му ја донесе првата титула во Ла Лига како тренер на „душекџиите“.

– Еден ден ќе мора да направиме нешто големо на ова гостување кај Барселона. Немаме победа, но еднаш направивме нешто големо во Барселона, извлековле реми кое ни ја донесе титулата во Ла Лига. Сигурен сум дека еден ден ќе оствариме и победа, – изјави Чоло по поразот од 1:0.

– Задоволен сум од тимот, не може да се бара повеќе. Требаше само да го одиграме и првото полувреме како второто. Барселона заслужено победи, беа подобри во најважните два елементи, силата и енергијата, – заврши Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни