Поврзете се со нас

Свет

Симеоне ја прекина минутата молк на „Месталја“ и на свој начин му оддаде почит на Марадона (Видео)

Објавено

на

Тажната смрт на Диего Армандо Марадона ја зави во црно и фудбалска Европа, па во изминативе неколку дена, редовни се сликите на кои му се искажува огромна почит на легендарниот фудбалски маестро од Аргентина од сите актери кои истрчуваат на теренот.

Сите натпревари во професионалните лиги започнуваат со оддавање минута почит кон Дон Диего, а таков беше случајот и на „Месталја“ каде вчера силите ги одмерија Валенсија и Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне како тренер на гостинскиот тим на крајот можеше да се радува на минималната и важна дерби победа од 0:1, но како поранешен соиграч на неповторливиот Марадона во Аргентина и Севилја, Чоло го привлече вниманието со својот потег.

Иако беше предвидено да се даде почит со минута молк, популарниот Чоло одлучи да го прекине затишјето на „Месталја“, па така беше единствениот кој му оддаде почит на својот соиграч со аплауз.

На видеото добро се гледа дека Чоло тоа го правеше со многу емоции, а истото многу брзо стана вирално во Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни