Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне ја потврди разделбата со Суарез

Објавено

на

Искусниот уругвајски напаѓач, Луис Суарез си заминува од Атлетико Мадрид на крајот на оваа натпреварувачка кампања 2021/2022.

Оваа информација ја соопшти тренерот Диего Симеоне што е само потврда на она што во медиумите се пишуваше во изминатиов период. Договорот на голгетерот му истекува на крајот на месец јуни, истиот нема да му биде продолжен што значи дека денешниот меч против Севилја ќе биде последен за него на „Ванда Метроплитано“.

-Имав разговор со Луис во ноември. Долг, тежок и искрен разговор. И двајцата споделивме како ја гледаме сегашноста и иднината. Од тој момент до денес, никој од нас не го прекрши тоа што си го ветивме. Затоа сум исклучително благодарен на Суарез, изјави Симеоне.

Суарез пристигна во таборот на Атлетико во 2022 година и даде огромен придонес за титулата на клубот во Ла Лига. Уругваецот оваа сезона повторно е водечки стрелец на мадриѓаните во првенството со 11 голови, но често останува на клупата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни