Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Диего Симеоне дефинитивно влезе во вербална војна со Карло Анчелоти и Дани Себалјос, откако двајцата решија да му реплицираат на тренерот на Атлетико Мадрид за изјавата која ја даде пред три дена.

Аргентинскиот стручњак доби за задача да го коментира спорниот пенал кој не беше досуден во корист на Селта Виго во Куп пресметката против Реал Мадрид, а неговиот одоговор предизвика огромни реакции во јавноста, бидејќи како што порача самиот, таква предност „кралскиот клуб“ добива од судиите во својата 100-годишна историја.

Оваа јавна прозивка на Чоло не остана без реплика од градскиот ривал, па така Карло Анчелоти и Дани Себалјос му одговорија на доста дрзок начин, по што очигледно го натераа Симеоне да „копа“ изјави од архивата на двајцата споменати.

– Никогаш не давам мислења за моите колеги, само се навратив на изјави кои ги паметам. Среќа добро ме служи меморијата, па се сеќавам дека и Анчелоти и Себалјос имаа друго мислење за Реал Мадрид кога бранеа бои на други екипи. Кога судиите носеа одлуки против Баерн, Анчелоти се жалеше за тоа што се случуваше на теренот. Истото важи и за Себалјос, кога беше во Бетис имаше друго мислење за Реал Мадрид. Сега го променија тонот и тоа е нормално…., – изјави денеска Симеоне.

Аргентинецот се навраќа на една изјава од Анчелоти од 2017-та година, односно од четвртфиналето во Лигата на шампиони кога Баерн Минхен беше сериозно оштетен од Реал Мадрид на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.

– Одлуките на судиите не оштетија многу на овој натпревар. Картонот на Артуро не беше картон, после Кристијано постигна два гола од офсајд, во такви услови не можеме да бидеме задоволни. Во едно четвртфинале во Лигата на шампионите треба да ставите судија со подобар квалитет….., – изјави тогаш Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни