Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне и Атлетико ќе ангажираат фудбалер на Барселона

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид се обидува сериозно да го подмлади тимот во период од неколку години, но летово може да ангажира и неколку искусни играчи, посебно ако тие бидат достапни без отштета.

Таков е случајот со Маркос Алонсо, фудбалерот кој е веќе отпишан од Барселона и сигурно ќе го напушти актуелниот тим по крајот на сезоната.

Претседателот на Атлетико, Михел Анхел Хил Марин одамна е фан на Алонсо, па откако Атлетико не успеа да го ангажира од редовите на Челси, сега ќе ја искористи втората шанса за да го добие левиот бек.

Алонсо има тешка сезона исполнета со повреди и само седум настапи за Барса, но во Атлетико сметаат дека може да донесе искуство и квалитет во дефанзивната линија.

33-годишниот фудбалер потекнува од младинската академија на Реал Мадрид, но има само еден сениорски настап за градскиот ривал на Атлетико, а Барса му беше прв шпански тим по престојот во Англија, односно Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни