Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне го спореди Алварез со двајца убиствени напаѓачи на Атлетико

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Атлетико Мадрид доби навистина тежок натпревар против Атлетик Билбао и успеа да избие на првото место во шпанската Ла Лига, пред се благодарение на клучниот гол кој го постигна Хулијан Алварез.

Најголемото летно засилување продолжи со добрите игри и синоќа ја искористи својата најдобра шанса за победа на домаќините, кои до крајот на средбата имаа и доста среќа со оглед на фактот дека Атлетик три пати ја гаѓаше рамката од голот.

Како и да е, конечните 1:0 прават Атлетико да биде нов лидер во пресрет на денешниот натпревар на Барселона, а бидејќи „колчонеросите“ остануваат зрели кандидати во битката за титулата, Симеоне си даде за право да го спореди Алварез со двајца неверојатни напаѓачи на Атлетико.

– Задоволни сме од Хулијан од денот кога потпиша за нас. Тој е играч кој прави разлика, го има тој дар кој го имаше Луис Суарез, или еден Давид Вилја.

– Тоа беа играчи кои правеа разлика, а таа разлика сега ја прави Алварез. Покрај головите, најмногу ме радува неговата понизност, игра исто и како стартер и како резерва. Се согласува да игра и горе лево во нападот, нема проблем да влезе од клупата и секогаш гледа максимално да профитира од своите соиграчи, – вели Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни