Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне го смести Интер во најдобриот европски крем: Играат фудбал онака како што јас го замислувам

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Диего Симеоне еден дел од својата играчка кариера му посвети на Интер и мина навистина убави денови на „Џузепе Меаца“, стадион на кој сега ќе се врати како предводник на Атлетико Мадрид.

Чоло ќе ги води своите „душекџии“ во осминафиналето против актуелниот европски вицешампион и ќе се обиде да го расипе победничкото расположение во Милано, особено ако се знае во каква форма игра Интер на домашната сцена.

Тимот на Симоне Инѕаги дополнително напредуваше по одиграното финале во Лигата на шампионите и оваа сезона изгледа уште позрело, па Чоло смета дека Интер во овој момент е во топ четири или пет европски екипи.

– Најдобрите две години од играчката кариера ги минав во Интер, имам одлични спомени од овој клуб и овој град, од соиграчите со кои ја делев соблекувалната. Многу бев сакан и секогаш го давав максимумот. Има места кои ви будат нешто внатрешно, а за мене е така кога се враќам во Интер и Лацио.

– Интер е наш следен ривал, за мене Интер во моментов е во топ четири или пет најдобри екипи во Европа. Резултатите говорат сами за себе, видете како играат во Серија А, како играат во Лигата на шампионите и како се натпреваруваат. Играат конкретно и едноставно, онака како што јас го разбирам фудбалот. Очекувам меч со многу дуели, оној тим кој ќе добие повеќе дуели ќе биде поблиску до победата, – изјави Чоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни