Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне го победи Луис Енрике благодарение на својот вечен „џокер“: Неслучајно се вика Ангел (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Атлетико Мадрид запиша многу важна победа во Лигата на шампиони со гол постигнат во 93-та минута, но од друга страна, ПСЖ претрпе болен пораз кој во моментов го остава без едно од местата кои носат и бараж во најелитното натпрварување.

„Светците“ примија гол во самиот финиш и претрпеа пораз од 1:2, а тоа донесе огромна сатисфакција кај Чоло Симеоне, кој претходно беше бесен по сомнителниот пораз од Лил на домашен терен.

Аргентинецот вчеравечер доби услуга од својот вечен „џокер“, Анхел Кореа, па по натпреварот не пропушти прилика за се она што го прави за тимот изминатите години.

– Овојпат победивме со играта која е симбол за нас со години. Бевме цврсти, знаевме на што играме и на крајот постигнавме гол. Гризман секогаш нуди нешто поинакво за тимот, тој го проигра Кореа, а неслучајно е тоа што Кореа се вика Анхел (Ангел).

– Кога Кореа влегува во игра, секогаш се случува нешто на теренот, тој е нашиот Ангел во тимот. Повремено имам и дискусии со него, знам дека сака да игра 90 минути, но тој знае колку голема важност има и 12-от играч во еден тим, – изјави Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни