Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне го најави мега дербито со Барселона: За се има првпат во животот!

Објавено

на

Утре на програмата е големото дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, стадион кој не е во најдобро сеќавање на Диего Пабло Симеоне, тренерот на лидерот во Примера кој никогаш нема остварено победа во домот на каталонскиот гигант.

Чоло има победи на големи стадиони како „Сантијаго Бернабеу“, „Месталја“, „Санчес Писхуан“, „Стемфорд Бриџ“ и „Сан Сиро“, но никогаш во својата тренерска кариера нема победено на „Камп Ноу“, па со таква статистика на 13 одиграни средби влегува во новиот дуел против Барселона кој треба да даде доста одоговори околу битката за титулата.

– Знам дека никогаш немам победено на „Камп Ноу“ како тренер. Го знам тој податок, но за се има првпат во животот. За се има првпат, така може утре да дојде и победата, – изјави Симеоне на официјалниот прес кој го одржа попладнево.

– Ќе се соочиме со тим кој се врати од огромна негатива на табелата, надокнадија многу бодови со одлична работа на нивниот тренер. Поправија многу работи од првиот дел од сезоната и сега се тука блиску до нас.

– На крај ќе пресуди менталниот склоп, веќе реков дека тоа ќе решава за титулата, тоа ќе биде пресудно. Верувам во сите мои фудбалери, не само во Луис Суарез кој се среќава со своите поранешни соиграчи. Цел тим има огромен ентузијазам и верувам во нив, – порача Чоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни