Поврзете се со нас

Италија

Симеоне: Го гледам Јувентус само поради еден играч

Објавено

на

Џовани Симеоне има 10 голови на 30 настапи за Калјари оваа натпреварувачка сезона во Серија А, бројки со кои аргентинскиот напаѓач го продолжува својот прогрес во италијанската фудбалска елита.

Симеоне наполни 25 години пред четири дена и во овој момент ужива во настапите за Калјари, но не крие дека негова најголема желба е еден ден да заигра за Атлетико Мадрид, без оглед на тоа дали неговиот таткот Чоло ќе биде тренер во тоа време.

– Повеќе од било што, сакам да заиграм за Атлетико Мадрид. Отсекогаш сум сонувал за тоа, дури и да не беше таму мојот татко, ќе сакав да се случи такво нешто. Од дете сонувам како играм за Атлетико и тоа е она што го сакам. Исто така, се надевам дека еден ден ќе бидам трениран од мојот татко. Знам дека ќе биде многу тешко да се сфати, но ќе биде навистина посебно, – вели Џовани за „ЕСПН“.

Во истото интервју, аргентинскиот центарфор говори и за својот пример во фудбалската елита, посочувајќи го Гонзало Игуаин како свој идол на кој се угледува.

– Пипита Игуаин е примерот по кој се водам, без никаков сомнеж. Навистина многу ми се допаѓа како се движи на теренот и во шеснаесетникот. Кога игра Јувентус, го гледам само Пипита. Го гледам Јувентус само поради него, – открива Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни