Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне ги нападна првите луѓе во шпанскиот фудбал: Покажавте непочитување кон Атлетико

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид вчера со доста маки го скрши отпорот на Рајо Валјекано и победи со 2:1, но Диего Симеоне нема премногу време да се радува на победата над малиот градски ривал, пред се поради тешкиот и згуснат распоред.

„Душекџиите“ во недела ќе го одиграат третото дерби против Реал Мадрид во период од еден месец, а веќе во среда ќе го играат полуфиналето против Атлетик Билбао во шпанскиот Куп.

Овој пеколен распоред изгледа навистина доста непријатен во ситуација кога Атлетико остави зад себе напорен месец како јануари, а Чоло Симеоне е гневен и лут што Атлетик Билбао ќе го игра својот меч во Ла Лига во петок и ќе има два дена повеќе за подготовка на полуфиналето.

– Гледам на овие ситуации од гледиште на фудбалски фан. Ла Лига со ова покажува непочитување кон нас. Покажуваат непочитување кон Атлетико, но пред се кон фановите. За мене е неправедно толку важен натпревар во Шпанија да се закаже во услови кои му даваат предност на еден тим.

– Еден ден разлика е разбирливо, но два дена се премногу. Не знам зошто не го поместија нашиот натпревар со Реал, за мене тоа е непочитување. Има голема разлика кога еден тим има пет дена за подготовка, а другиот неполни три, – изјави Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни