Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне директен: Тие мислат дека сите сме глупави…

Објавено

на

foto:twitter.com/atletienglish

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Алмерија донесе многу коментари, реакции поради неколкуте спорни ситуации и одлуките кои беа донесени на средбата на „Сантијаго Бернабеу“.

Сите ситуации за кои постоеше прашалник и работеше ВАР завршија во корист на „кралевите“, комуникацијата за истите беше објавена, но медиумите дојдоа до една снимка која не се најде на видео и се однесува на еден дуел на Винисис Жуниор и Позо при кој има удар од офанзивецот на домаќинот.

Шпанската Федерација ги објави аудио снимките од главниот судија и ВАР при трите одлуки во корист на Реал (Видео)

Отворена истрага во Шпанија: Винисиус требал да добие црвен картон пред клучниот гол за победа на Реал (Видео)

Поради ова беше отворена истрага и се бара „кртот“ кој ја доставил снимката до новинарите за да околу целата ситуација и целиос систем на ВАР свој став сподели тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

-Тешко е… Во зависност од тоа на која страна сте, секогаш има ситуации. Судиите сигурно минуваат низ момент на голем притисок. ВАР ги подобрува, но во исто време ги разоткрива, тоа е реалност. Тогаш можеме да разговараме дали тие се добро аудио-снимки: проблемот не е во тоа што излегуваат во јавност, туку што се случува во нив. Тие мислат дека сите сме глупави и тоа нè лути, -порача Аргентинецот.

Судискиот комитет пронајде две големи грешки по деталната анализа на трите спорни одлуки на „Бернабеу“ (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни