Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне бил решен да го напушти Атлетико по болниот пораз од Реал, а потоа добил изненадување во Буенос Аирес

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Диего Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид и уште еднаш се обврза на верност кон саканиот клуб, а во своето прво интервју кое го одработи за шпански медиум по парафираниот договор, откри дека најблиску до заминување бил во 2016-та година.

Аргентинскиот стручњак беше посебно погоден од вториот пораз од Реал во финалето во Лигата на шампионите, оној во Милано кога победникиот се решаваше во пенал рулетот.

Чоли по поразот истакна дека не знае дали ќе се врати како тренер на „душекџиите“, но клучната улога во тие месец дена ја одиграл Мигуел Анхел Хил Марин, извршниот директор на Атлетико.

Марин отишол до Буенос Аирес за да го смири Симеоне и да го разубеди во намерата да го напушти Атлетико, а седум години подоцна, Чоло потпиша нов договор и се обврза на верност до 2027-ма година.

– Јас сум емотивна личност и не ги кријам своите чувства. Ние не сме машини и ова е работа која бара многу напор. Не беше лесно да се проголта вториот пораз од Реал во финалињата. Да стигнете во две финалиња и на двете да загубите, не е воопшто лесно. Не ми беше лесно, ми беше потребна поддршка, а ја добив од Мигел кој ме изненади со посета во мојата Аргентина. Ако тој не дојдеше тогаш во Буенос Аирес, јас сега најверојатно немаше да бидам тука, – изјави Симеоне во интервјуто за „Кадена Сер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни