Поврзете се со нас

Шпанија

Симао: Феликс може да ја освои „Златната топка“

Објавено

на

Жоао Феликс минатото лето за огромна сума на пари направи трансфер од Бенфика во Атлетико Мадрид, но дефинитивно не ги оправда високите очекувања во новата средина.

Тој во Бенфика блескаше и редовно ги тресеше противничките мрежи, додека пак во Атлетико во досегашниот дел има шест голови зад неговото име, четири во Примера и два во ЛШ. Сепак без разлика на ова Симао верува дека неговиот помлад сонародник ќе биде успешен во Мадрид.

-Мислам дека може да освои Златна топка. Тој е во фаза на прилагодување, не е лесно. Атлетико игра поинаку од Бенфика и првите месеци не беа лесни. Знам му пречи да е замена, ама мора да размислува за тимот и можностите за победа. Мораш да бидеш ладен за да напаѓаш во тим на Симеоне, -вели Симао кој го спореди искуството на Феликс со она неговото од времето во Барселона.

-Пеп Гвардиола, Фиго, Патрик Клајверт, Роналд де Бур … ако го погледнеме овој тим, скоро сите се тренери. Играњето со Фиго, големиот идол, беше фантастично. Тоа беше најголемата тешкотија за мене. Бев екстремен, си помислував: „Каде ќе играм?“

-Од една страна беше Фиго, од друга Ривалдо, морав да почекам да бидат суспендирани или уморни. Беа фантастични две години, поминував многу време со Ривалдо и имав разговори со Гвардиола. Тој веќе имаше тактичка замисла, тој ја презема улогата и ми кажа како треба да се движам без топка.

-Во авионот седев среде Фиго и Гвардиола и веќе имав фудбалски книги, многу за голф. Многу читав. Имав 19 години. Завршив исцрпувачки тренинг и Ривалдо ме замоли да тренирам со него, затоа што тој сакаше повеќе, не можев да кажам не, -открива Симао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни