Поврзете се со нас

Англија

Симан: Рамздејл е премногу квалитетен за да биде втор голман

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Дејвид Симан гостувал во емисија на „Би-Би-Си“, каде како поранешен голман на Арсенал не можел да ја избегне темата со актуелната голманска конкуренција на „Емирејтс“.

Менаџерот Микел Артета има двајца одлични голмани, па откако Арон Рамздејл ја започна сезоната како прв избор, подоцна шпанскиот менаџер го пресели на клупата и го форсира својот сонародни Давид Раја.

Симан вели дека допрва следи клучниот период, дополнувајќи дека нема да биде изненадување ако Рамздејл бара преселба во друг клуб.

– Рамздејл ќе брани претстојниот викенд, бидејќи Раја не смее да игра против Брентфорд, екипата од каде е позајмен.

– Потоа следува клучниот период, односно ако на натпреварот по тој со Брентфорд значи враќање на Раја во првиот тим, тогаш ќе знаеме кој е прв избор на Артета.

– Арон сака да игра затоа што посакува да биде дел од составот за ЕП 2024, но мислам дека јануари е прерано за да побара нов предизвик. Останува да видиме што ќе се случи по два викенда, но како и да е, Рамздејл е премногу квалитетен за да биде втор голман во некоја екипа, – рекол Симан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни