Поврзете се со нас

Европски првенства

Силвињо за драмата со Хрватска: Луд натпревар кој ќе го паметам цел живот

Објавено

на

Фото: https://fshf.org

Албанија денеска го освои првиот бод на ЕП во Германија и тоа со гол постигнат во 95. минута на дуелот со Хрватска.

Избраниците на селекторот Силвињо одиграа одличен прв дел во кој водеа со 1:0 и можеа да водат и поубедливо, но противникот го промени пристапот во продолжение и направи целосен пресврт за три минути.

Кога Хрватите помислија дека ја обезбедиле првата победа, Албанија израмни во надополнувањето и ги постави конечните 2:2. Силвињо вели дека никогаш нема да ја заборави оваа драма.

– Кога ќе израмните на ваков начин, можеби заслужувате и да победите.

– Сепак, на крајот тоа не менува многу, ова беше фантастично искуство. Ќе го паметам овој натпревар до крајот на животот, – рекол албанскиот селектор.

Албанскиот репрезентативец Ѓасула испиша историја со својот ефект против Хрватска

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни