Поврзете се со нас

Шпанија

Силвињо: Кој вели дека Нејмар не може да се врати во Барселона?

Објавено

на

Бразилецот Силвињо не се прослави во првата своја самостојна работа како тренер на Лион, па сега додека чека нов ангажман даде свое мислење за можноста Нејмар да се врати во Барселона.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен долго време се поврзува со каталонците, минатото лето дојде и до преговори меѓу двата клуба, меѓутоа не дојде до договор.

Се очекуваше по оваа кампања, шпанскиот тим да го нападне Нејмар, ама пандемијата со коронавирусот промени многу работи, Барса е еден од клубовите со сериозни загуби и многумина не веруваат дека може бразилскиот репрезентативец да дојде на „Камп Ноу“.

-Претходно има многу услови, како што е економското прашање. Кој вели дека Нејмар не може да се врати во Барселона? Тој е многу комплетен, исклучител играч. Го сакам овој тип на играч, оној кој ве тера широко да ги отворите очите. Неговата индивидуална способност е … мама миа, -вели Силвињо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни