Англија
Силвестре се сети на ужасниот момент од соблекувалната на Јунајтед: Копачката одеше право во лицето на Бекам, после тоа…
Една од најпознатите караници во соблекувалните на фудбалските стадиони секако е онаа која се случи во 2003 година а во која главни протагонисти беа Сер Алекс Фергусон и Дејвид Бекам.
По натпреварот од петтата рунда од ФА Купот, во кој „ѓаволите“ беа елиминирани од Арсенал зоврела атмосферата во соблекувалната, а најдебелиот крај го извлече Дејвид Бекам.
Тогаш првата ѕвезда на клубот доби копачка во своето лице од ни помалку ни повеќе туку неговиот тренер, Сер Алекс Фергусон.
Сега, 17 години по тој настан, Микел Силвестре се реши да проговори како се одвивала целата ситуација и потенцираше дека соиграчите на Бекам спречиле ескалација на инцидентот.
– Бев присутен тука. Сите бевме шокирани, но вакви работи се случуваат во соблекувалните. Шефот ја шутна копачката која само по случајна несреќа заврши во лицето на Бекам.
– Тој беше многу лут и ние мораше да интервенираме за да спречиме ескалација на настанот. Потоа бргу се смири се.
– Како и да е, тоа влијаеше на нивниот понатамошен однос и веројатно тоа беше причината зошто Дејвид си замина тоа лето и потпиша за Реал Мадрид, -изјави Силвестре.
Неколку натпревари по инцидентот Бекам настапуваше со пукнатина над левото око, а за настанот се зборуваше доста во тој период.
По крајот на сезоната, англискиот репрезентативец и прва ѕвзда на Јунајтед си замина и направи трансфер во Реал Мадрид вреден 25 милиони фунти.
-
Шпанијапред 21 час
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
АТПпред 22 часа
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!
-
Светпред 21 час
Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
-
Италијапред 21 час
Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти со коментар за настапот на Мбапе: Најдобар натпревар досега
-
Англијапред 23 часа
Алисон лут по историскиот пораз на „Енфилд“: Загубивме од тим кој само се фрлаше пред топката