Поврзете се со нас

Свет

Силва за новиот тренд во Премиер лигата: Ако се продолжи вака, Англија секоја година ќе има финалист во Европа

Објавено

на

Давид Силва уште во месец август најави дека ја игра последната сезона во Манчестер Сити, а воедно и во Премиер лигата каде мина незаборавни десет години.

Самиот Силва нагласи дека заокружувањето на една декада е убава бројка за да се стави крај на една фантастична ера исполнета со многу успеси, но поради кризната ситуација со коронавирусот, искусниот шпански фудбалер сега открива дека стопирани се и неговите преговори за следната дестинација во кариерата.

Офанзивниот играч се поврзува со неколку клубови од Европа и има понуди и надвор од стариот континент, но засега вели дека нема донесено конечна одлука и дека истата ќе ја донесе заедно со неговото семејство.

Во интервјуто кое го направи за „Мистер чип“, Силва најмногу говореше за 10-те години минати во Англија и последните месеци од оваа импресивна приказна, заклучувајќи дека англиските тимови можат да имаат многу голема придобивка ако ангажираат странски тренери.

– Во Шпанија и Англија е многу различно. Во Шпанија има многу тактички квалитет, а тука најмногу играте се заснова на физичката подготвеност. Сепак во последните години со Пеп, напреднавме многу тактички. Ако продолжат да пристигнуваат тренери од страна, Англија секоја година ќе има финалист во Европа, – тврди Силва, пред се мислејќи на Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни