Поврзете се со нас

Англија

Силва со искрена порака за својата иднина: Сити знае кој е мојот став

Објавено

на

Во ексклузивното интервју кое го направи за „ЕСПН“, Бернардо Силва говореше за големото разочарување и големиот успех кој го забележа Манчестер Сити минатата сезона, но отворено проговори и за својата иднина која е неизвесна во овој момент.

Португалскиот репрезентативец порача дека елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите се уште го прогонува, а пресвртот против Астон Вила во завршното коло го оценува како нестварен, но многу поголемо внимание привлече изјавата која ја даде за својата фудбалска иднина.

Пеп Гвардиола минатата седмица порача дека се сомнева во трансфер потезите кои ги повлекува Барселона и најави дека нема да му стои на патот на Силва доколку сака да си замине, а Португалецот сега излезе со изјава со која дополнително ги подгреа шпекулациите за трансфер на „Камп Ноу“.

– Отсекогаш сум велел дека сум среќен во Сити, но не знам што точно ќе се случи. Јас секогаш сум искрен и мојот однос со клубот е таков.

– Бев отворен со нив и им кажав што сакам. Ако останам, ќе бидам среќен, секогаш ќе го почитувам клубот и ќе давам максимум. Ако не останам, тоа е фудбалот и продолжуваме напред. Ќе видиме што ќе се случи, – вели Бернардо за „ЕСПН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни