Поврзете се со нас

Германија

Силва симулираше очајно, па стана предмет на потсмев на фановите (Видео)

Објавено

на

РБ Лајпциг вчера загуби на гостувањето кај Волфзбург во рамките на германската Бундеслига, а напаѓачот Андре Силва успеа и дополнително да се избламира пред фудбалските фанови.

Фудбалерот на РБ Лајпциг по еден судир со тела со противнички фудбалер, сакаше да изнуди исклучување на Џон Брукс.

Јасно е дека дефанзивецот на Волфзбург имаше контакт со Силва, но по ВАР проверката стана јасно дека немало удар за исклучување, а гостинскиот фудбалер стана предмет на потсмев поради очајното симулирање.

Волфзбург победи со 1:0 со голот на Русијон во 52. минута и има перфектен скор по првите три кола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни