Поврзете се со нас

Франција

Силва си заминува од ПСЖ, два клуба се издвојуваат за неговиот потпис

Објавено

на

Искусниот бразилски стопер, Тијаго Силва по осум минати години ќе си замине од таборот на францускиот прволигаш Пари Сен Жермен.

Силва и ПСЖ не се договориле за продолжување на соработката која трае од 2008 година, односно Бразилецот не сакал да прифати намалување на платата за да остане на „Паркот на принцовите“. Сепак тој се очекува да остане и му помогне на клубот од Париз во ЛШ (оваа сезона), но воедно и ќе ги разгледува понудите кои ќе дојдат на негова адреса.

Според медиумите Милан и Евертон се тимовите кои сериозно размислуваат за одличниот централен дефанзивец кој во септември ќе наполни 36 години. Тијаго играше три години во Милан и добро ги познава состојбите кај „црвено-црните“, додека пак адут на Евертон е тренерот Карло Анчелоти кој во Бразилецот гледа голем лидер кој може да помогне клубот да ги оствари високите амбиции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни