Поврзете се со нас

Англија

Силва по потопот на Челси на „Сент Џејмс Парк“: Јас сум уништен…(ФОТО)

Објавено

на

Челси доживеа тежок пораз од Њукасл од 4-1 на денешното гостување на „Сент Џејмс Парк“, меч кој одново ги покажа сите слабости на „сините“.

И во претходната рунда Челси прими четири гола со таа разлика што тогаш ремизираше со актуелниот шампион Манчестер Сити (4-4), ама овојпат ситуацијата беше поинаква и екипата забележа болен пораз кој потврди дека пред Маурисио Покетино е уште многу работа.

Меѓу оние кои не се прославија и беа меѓу најслабите на теренот беше ветеранот Тиаго Силва кој ја презема одговорноста и со емотивна порака им се извини на навивачите.

-Јас сум уништен. Не беше добар ден за нас. Би сакал да им се извинам на сите за поразот, особено на моите соиграчи кои веруваат во мене и ме поддржуваат секој ден. Ја преземам целосната одговорност. Да собереме сили и да се вратиме посилни, -порача Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни